31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Стрелачката Анастасија Мојсовска за шест круга не успеа да обезбеди финале на ЛОИ

Анастасија Мојсовска го заврши својот настап на Летните Олимписките игри во Париз.

Во своето деби на игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шесте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.


Тој резултат ја рангира на 31.место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал, не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за шест круга.


За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.

- Оглас -

Најнови вести