Стрелецот Брукс: Ќе беше неправедно ако победеше Македонија

Дејвид Брукс, стрелецот на голот за Велс со кој на македонската селекција ѝ беше скратена победата, смета дека не заслужиле да бидат поразени.

„Ова беше многу тежок меч, знаевме дека кога гостувате на вакво место, секогаш е предизвикувачки. Наш многу добар играч, еден од најдобрите во историјата, направи една мала грешка и момците сакаа да го извлечат од неволја и благодарен сум што токму јас бев стрелец на тој гол со кој помогнав. Заслуживме веројатно и повеќе, но ќе мора да го прифатиме бодот знаејќи каде бевме на една минута до крајот. Ќе беше многу неправедно ако тие освоеја три бода. Македонија е добар тим, може да прават проблеми во групата. Имаме четири бода, сакавме 6, се надевам дека во јуни ќе ги освоиме тие шест од двата меча“, изјави играчот на Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести