Мехди Тареми гладуваше и во 2014 година се онесвести од глад, бидејќи немаше јадено дури три дена, вели поранешниот тренер на ирански Персеполис, Хамид Деракшан.
Деракшан го обелодени случајот со иранскиот репрезентативец и вели дека неговата приказна за жал во Иран е секојдневие и им се случува и на доста останати фудбалери.
„Тареми дојде на тренинг и оддеднаш загуби свест. Беше исцрпен. Потоа му призна на докторот дека воопшто не јадел цели три дена. За жал гладуваат и други фудбалери и тоа е тажната приказна во Иран“, вели Деракшан.
Мехди за среќа мина без последици, а во ланската сезона во Лигата на шампионите го доби признанието за најубав гол. Неговиот удар со ножички во реванш-четвртфиналето во Лондон меѓу Челзи и Порто е прогласен за погодок на сезоната во лускузното европско клупско натпреварување.
Тареми беше и прв стрелец на Порто во португалското првенство со 16 гола, а имаше и неверојатни 11 асистенции. Со голот против Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите стана првиот Иранец со погосок во првата фаза во ЛШ.
Досега 28-годишниот шпиц одигра 50 натпревари за репрезентацијата на Иран и постигна 24 гола.