Стрелците „заспаа“ – Цела ПМФЛ заврши од 0-2 гола

На четирите натпревари од осмото коло во првата македонска фудбалска лига видовме само три погодоци.

На дербито во Тетово, Шкендија и Шкупи одиграа 0:0. Додека Работнички дојде до три бода против Победа и тоа благодарение на голот на Анес Рушевиќ во 30-та минута.

Академија Пандев изненадувачки загуби од Македонија ЃП и тоа со 0:1.

Струга Трим Љум, пак продолжува со неверојатната серија откако предмалку го победија Тиквеш со 2:0.

Струга останува перфектна со 24 бода, додека далеку зад нив следува Силекс којшто има 14 но и меч помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести