Алваро Арбелоа стана главен тренер на Реал Мадрид пред помалку од еден месец, откако го наследи Чаби Алонсо на 13 јануари. Стартот на клупата на Реал му беше катастрофален, Кралевите загубија од второлигашот Албасете и беа елиминирани од Купот на кралот.
Потоа, под негово водство, Реал забележа пет лигашки победи, но и неочекуван пораз против Бенфика во Лигата на шампионите.
Споредбата на неговите фотографии од преземањето на кормилото и сега покажува колку стресен бил изминатиот месец за Арбелоа. Тренерот значително ослабел, што е видливо на неговото лице, кое значително се променило.
Вистинскиот стрес за Арбелоа допрва доаѓа бидејќи влегуваме во клучен дел од сезоната и се ближи завршницата на Ла Лига и на Лигата на шампионите.

