Ливерпул со 2:0 славеше на гости кај Интер во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите и речиси сигурно си обезбеди место во четвртфиналето на елитната лига на УЕФА.
Англискиот тим во последните 15 минути го сруши отпорот на Интер, кога голови постигнаа Фирмино и Салах. Ливерпул сезонава блеска во Лигата на шампионите и во групната фаза имаше максимални шест победи, победувајќи ги по двапати Атлетико Мадрид, Порто и Милан.
Сега со победата над Интер, Ливерпул за помалку од два месеци победнички се враќа од Милано. По триумфот над Росонерите, сега беа подобри и од Интер, па во стрип варијанта е опишано како играчите на Ливерпул си поминуваат во градот на модата во Италија.


