Стрмоглав пад – Лани играа во Серија А, денеска со пирова победа испаднаа во Трета лига

Кротоне забележа пирова победа од 3:1 против Кремонезе и се пресели во Серија Ц во Италија, што е трет по ранг систем на фудбалско натпреварување во Италија.

Клубот со 112-годишна традиција забележа стрмоглав пад и за само две сезони од прволигаш и член на Серија А се пресели во Серија Ц и од идната сезона ќе биде третолигаш.

Во 2016 година за првпат во клупската историја се промовираа во прволигаши во Италија, останаа во елитата и следната сезона и потоа испаднаа.

Пак се вратија во Серија А во сезоната 2019/20 но веднаш испаднаа, а сега доживеаја дебакл со испаѓање во Третата лига.

Со Кротоне испадна и тимот на Порденоне, а во последните две кола во Серија Б црно сценарфио ќе се обидат да избегнат Виченца со 28 бода, Козенца со 31 бод, Алесандрија со 33 и Спал со 36.

Од лигата испаѓаат три тима, а два ќе играат баражи за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести