Стројниците на Сити ја чекаат разврската од состанокот меѓу таткото на Меси и Бартомеу

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, денес треба да се сретне со претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, да дискутираат околу иднината на капитенот. На состанокот, Каталонците ќе му понудат на Меси двегодишен договор, односно да остане на „Камп ноу“ до јуни 2022 година, додека пак Хорхе ќе бара спогодбено раскинување на соработката.

Меси е одлучен да ја напушти Барселона откако не се појави на првиот собир на екипата, ниту присуствуваше на првиот тренинг на Роналд Куман, па шансите да прифати нов договор се минимални, речиси непостоечки. Сепак, мали се шансите и Барселона да му дозволи заминување без отшета, па затоа шпанскиот гигант остави простор за преговарање за трансфер и чека понуда од Манчестер сити.

Во меѓувреме, шпанските медиуми информираат дека претставници на Сити ја чекаат разврската од состанокот и имаат подготвено пакет-понуда за Меси од 111 милиони евра и двајца играчи, тоа се Габриел Жесус и Ерик Гарсија, која ќе им биде презентирана на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести