8449 Бостон селтикс – Шарлот хорнетс (НБА, 00 часот)
Шарлот има многу солидна сезона и со позитивен биланс од 25 победи и 23 порази е на плејоф позиција во Источната конференција. Моментно се четврти, но ноќеска ќе играат против тим од кој губат во серија.
Од Бостон повеќе се очекуваше, но ништо не е загубено во многу интересната трка на Истокот за првите шест позиции што гарантираат настап во доигрувањето за титулата без претходни бараж дуели.
Келтите имаат три победи по ред со двоцифрена разлика против популарните Стршлени, а серијата од четири успеси по ред им почна со драматичен триумф од 107:106 пред две години.
Тристан Томпсон нема да игра за домаќините што може да биде хендикеп, но гостите имаат поголеми проблеми.
Нема да им игра поранешниот кошаркар на Бостон, Хејворд, повредени се и Бол и Монк, па задачата за Келтите ќе биде олеснета.
Предлог тип: 1 со хендикеп 5.5 поени (1.61)
8450 Филаделфија 76 – Мемфис гризлис (НБА, 01 часот)
Џоел Ембид се врати во тимот на Филаделфија по долга пауза што е голем потстрек за лидерот во Источната конференција.
Со него во тимот 76-те се една од најдобрите екипи во НБА и им предвидуваат дури и битка за титулата.
Во стартната петорка имаат три играчи од Ол-стар калибар, а со Ембид големи адути на Филаделфија се и Бен Симонс и Тобијас Херис.
Ноќеска ќе имаат убава шанса да го задржат врвот во својата конференција, против тим што го победуваа четирипати по ред во „Велс Фарго центар“.
Мемфис има млад тим, играат добро и имаат шанси за плејоф, но за Морант и соиграчите квалитетниот тим на Филаделфија е преголем залак.
Предлог тип: 1 (1.73)
8451 Атланта хоукс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)
Ова е дуел на две екипи кои веројатно ноќеска ќе играат без првите ѕвезди во тимот. За Воините сигурно нема да настапи Стеф Кари, а кај Атланта веројатно нема да игра Тре Јанг.
Да биде проблемот поголем има уште неколку значајни адути и кај домаќините и кај гостите што нема да играат. Дрејмонд Грин и Ерик Паскал се надвор од строј кај Голден стејт, а со Јанг кај Аталанта ќе ги нема на паркетот и Колинс, Редиш, Хантер и Дан и веројатно и Галинари.
Воините ќе се обидат со победа да се рехабилитираат за бродоломот што им се случи во Торонто, кога беа поразени со 53 поени разлика, што им е втор највисок пораз во клупската историја.
Во ваква ситуација тешко е да се прогнозира конечен исход, а иако се работи за две екипи што даваат доста поени, ќе типуваме на минус.
Предлог тип: < 227.5 поени (1.57)
8335 Каролина хурикенс – Далас старс (НХЛ, 01 часот)
Минатата ноќ Далас конечно успеа да ја победи Каролина, по четири порази по ред. И покрај поразот Ураганите од Каролина се во одлична позиција на третото место во Централната дивизија и ако успеат да се реваншираат ќе останат во битка за првото место со Тампа беј и со Флорида, кои имаат предност од 3 бода.
Далас има скромна сезона за лански финалист во НХЛ и заостанува за пет бода зад Нешвил, кој би бил последниот, четврти патник во плејофот во ова друштво според моментната ситуација во оваа дивизија.
Далас има и многу проблеми со повреди на хокеарите, па можно е да играат без девет играчи, меѓу нив и Радулов и Сегуин, кои се значајни за тимот.
Предлог тип: 1 (2.00)
8338 Калгари флејмс – Торонто мејплифс (НХЛ, 03 часот)
Калгари е во криза во незгоден дел од сезоната кога нема многу простор за корекции. Овој циклус во регуларниот дел е скратен и се играат 56 натпревари, наместо 82 колку што е вообичаено.
Како што стојат работите, на првопласираниот тим во Северната дивизија, на Торонто, му одговара што поскоро да заврши регуларниот дел од сезоната, а сосема спротивно е со Калгари.
Флејмс се надвор од зоната за плејофот, а играат слабо и имаат 7 порази на последните 8 меча. Ќе мора да почнат да победуваат бидејќи до крај имаат само уште 18 натпревари.
Но, за нив е проблем што немаат многу успеси против Мејплифс, кои водат со 4:2 во победи во меѓусебните дуели сезонава. Напаѓачкото дуо Марнер и Метјуз се во Топ-10 поентери во НХЛ лигата и се големи адути на Торонто.
Интересно е што Мејплифс имаат пет меча по ред што завршуваа нерешено во регуларен дел, а потоа победија на четири од нив.
Типуваме дека ќе ја прекинат серијата „иксови“ и дека ќе го победат Калгари.
Предлог тип: 2 (2.05)