Струга брка победа од два разлика против Слован за долго европско лето (Фото)

Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум, попладнево го игра реванш-натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против Слован Братислава. Стружани на првиот меч покажаа дека можат да се носат со противникот, се вратија од 2-0 до 2-2, но падот на концентрацијата во финишот донесе пораз од 4-2.

Избраниците на Ќатип Османи денес ќе мора да бркаат победа со најмалку два разлика барем за продолженија и пенали за да минат во следното коло. Сепак, квотите во Sport Life предност му даваат на шампионот на Словачка. Квотата за победа на Слован Братислава е 1.93, додека победата на Струга има квота од 3.45. Нерешениот исход е најмалку очекуван со квота од 3.70.

- Оглас -

Најнови вести