Струга е аутсајдер, но нема што да загуби против Жалгирис (Фото)

Шампионот на Македонија, екипата на Струга Трим Љум, денес го игра веројатно најважниот натпревар во осумгодишното постоење на клубот. Стружани успеаја да останат непоразени на првиот натпревар во Литванија, против Жалгирис, и одиграа 0-0, резултат кој дава голема надеж пред реваншот.

Струга е аутсајдер според квотите во Sport Life и нивната победа носи квота од 3.55, но и нерешениот резултат е во игра со квота од 3.15, па патникот во следната фаза може да се решава во продолженијата или на пенали, со оглед на тоа дека правилото гол во гости не важи.

Предизвикот за Струга се вика Галатасарај. Турскиот великан ќе дојде во Македонија доколку стружани минат во следното коло, а со тоа се очекува и полн стадион во Скопје. Сепак, победата над Жалгирис ќе донесе и голема финансиска добивка за клубот, кој ќе си ги отвори портите кон групната фаза на Конференциската лига, но и ќе донесе многу рејтинг бодови за македонскиот фудбал.

Дуелот Струга Трим Љум – Жалгирис се игра на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести