Струга е фаворит против Тиквеш, но половина од нивните меѓусебни дуели завршиле без победник (Фото)

Екипата на Струга откако го заврши настапот во европските купови и имаше вистинско патешествие на враќање од Исланд, го продолжува настапот во домашниот шампионат. Само трет противник во шестото коло ќе им биде кавадаречкиот Тиквеш, кој ќе се обиде да го искористи заморот кај шампионот и слично како и АП Брера, да ги однесе бодовите од Струга.

Сепак, шампионот е фаворит на овој дуел со квота од 1.70 во понудата на Sport Life, додека победата на Тиквеш има многу повисока квота од 4.45.

Овие две екипи имаат одиграно само шест меѓусебни натпревари. Струга победила двапати, додека Тиквеш само еднаш. Дури три меча завршиле без победник. Вкупната гол-разлика во меѓусебните дуели е во корист на Струга, која постигнала шест гола, а примила четири.

Натпреварот кој официјално ќе го затвори шестото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести