Струга и Шкупи дознаа со кого би играле во третото квалификациско коло од Конференциската лига

Актуелниот македонски фудбалски шампион, Струга Трим Љум, и Шкупи, како втор македонски претставник во квалификациите за Конференциската лига, денеска дознаа против кого би играле во третото квалификациско коло, ако успешно го минат второто.

Стружани кои ќе имаат битки со црногорскиот првак Будуќност од Подгорица во второто коло, ако минат понатаму, во третото би се сретнале со подобриот од ТНС од Велс против Свифт Есперанж од Луксембург.

Шкупи треба да игра со софиски Левски во второто коло, а ако мине, следна пречка ќе му биде Хапоел Бер Шева од Израел или Паневежис од Литванија.

- Оглас -

Најнови вести