Струга има солидни 0-0 по првото полувреме против Жалгирис

Жалгирис и Струга Трим Лум не постигнаа гол во првото полувреме на нивниот прв меѓусебен дуел од квалификациското коло од фудбалската Лига на шампиони.

Средбата се игра во Вилнус, на терен со вештачка трева, но тоа не претставува голем проблем за стружани, кои се прилично рамноправни. Најубавата шанса во првото полувреме ја имаа домашните, но голманот Ведран Ќосевски одлично го одбрани шутот на Хнид со глава.

И Струга имаше една убава прилика, но Бунјамин Шабани не успеа да го совлада противничкиот голман.

- Оглас -

Најнови вести