10.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Струга на тежок испит во Струмица, Башкими пред лесни „три“ против Шкупи (Фото)

Првата македонска фудбалска лига продолжува со забрзан ритам на одигрување на натпреварите, па веќе денес од 14 часот со два меча ќе започне 21-вото првенствено коло.

Поранешниот шампион на Македонија, Струга, има тежок испит против Брера во Струмица, екипа која собра седум бода во пролетниот дел од сезоната. За разлика од струмичани, Струга сè уште нема победа пролетва, па по поразите од Шкендија и Силекс, одигра нерешено против Пелистер и Вардар.

Сепак, гостите се фаворити во Струмица со квота од 1.36 во понудата на Sport Life, додека триумфот на Брера има квота од 6.50.

Башкими е пред освојување на лесни три бода во дуелот против испаднатиот Шкупи. Екипата од Куманово ќе биде гостин на својот стадион бидејќи чаирчани ја продолжија праксата да играат како домаќини на стадионите на противниците. Квотата за победа на Башкими е 1.07, а сензацијата на Шкупи има квота од 17.3.

- Оглас -

Најнови вести