Струга нема да загуби од Жалгирис, Макаби и Раков ќе победат, а голови ќе има во Велс и Малта (Фото)

6044 – Струга – Жалгирис (17:00)

Шампионот на Македонија, Струга Трим Љум, на првиот натпревар во Литванија докажа дека е рамноправен противник и успеа да извлече 0-0. Денес во Охрид ќе се одлучува која екипа ќе оди во следната рунда со што ширум ќе си ги отвори вратите најмалку на групната фаза од Конференциската лига. Доколку Струга ја повтори играта од првиот натпревар, тогаш нема да загуби од Жалгирис, а мечот повторно ќе биде со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.92)

 

6732 – Макаби Хаифа – Хамрун (19:00)

Макаби Хаифа веќе е пласиран во следната фаза од квалификациите на Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека победи со 4-0 на првиот натпревар против Хамрун. Сепак, дуелот кој се одигра во Малта мина со низа инциденти помеѓу навивачите и навреди на национална, расна и верска основа кон фудбалерите од Израел. Така домашните денес нема да имаат милост и повторно ќе забележат убедлива победа.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.78)

 

6734 – Флора Талин – Раков (19:00)

Шампионот на Полска, Раков, има минимална предност од 1-0 од првиот натпревар и денес повторно ќе мора да одигра максимално со цел да ја задржи оваа предност. Се работи за поквалитетна екипа, која доаѓа од поквалитетно првенство и се очекува денес да бидат поубедливи отколку на првиот меч. Флора нема што да брани, ќе мора да нападне, а тоа ќе остави многу простор за полските фудбалери да дојдат до посакуваната цел.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.23)

 

6735 – ТНС – Хакен (20:00)

Екипата на Хакен има предност од 3-1 од првиот натпревар и речиси со двете нозе е во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. ТНС ќе се обиде да ја стигне негативата, а тоа е гаранција за многу голови и на денешниот дуел.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.70)

 

6048 – Балзан – Домжале (19:30)

Екипата на Домжале е пред невозможна мисија, со оглед на изненадувачкиот пораз на домашен терен од 1-4 од претставникот на Малта, Балзан. Малтежаните ќе треба само рутински да одработат и ги делат само 90 минути од пласман во следното коло од квалификациите за Конференциската лига. Немањето на поголемо натпреварувачко значење на мечот е гаранција за ефикасен фудбал и на денешниот натпревар.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести