12.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Струга преку Арсими го бара врвот, Башкими и Работнички со своите математики

Со мечевите Струга Трим Лум – Арсими и Башкими – Работнички, денеска од 13 часот стартува 13-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во Струга, ако победат домашните, ќе се искачат на првото место и таму ќе бидат барем до утре кога Вардар ќе игра со Тиквеш и скопјани ќе може да се вратат на врвот. Арсими има само еден пораз во претходните пет кола, па фаворитот од Струга ќче треба да се помачи за да ја оствари целта.

Во Куманово, Башкими е домаќин на Работнички. На гостите им гори под нозе, претпоследни се на табелата, имаат само една победа сезонава, ниедна на гости, а Башкими не блеска во последно време, има само една победа во последните пет рунди. После 12 меча, Башкими има 12 бодови повеќе од Работнички, а квотите во Sport Life за победа на едниот и другиот тим се одлични.

- Оглас -

Најнови вести