28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Струга ТЛ договори пет пријателски натпревари на подготовките во Анталија

Актуелниот фудбалски првак Струга Трим Љум ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната на 8 јануари. Првите десетина дена тимот ќе тренира во својата база во Струга, а на 18-ти јануари ќе замине во Анталија, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките.

Тимот на Ќатип Османи закажа пет пријателски натпревари на подготовките во Анталија. Стружани ќе играат против Дебрецин на 20-ти јануари, Корона Киелце (24 јануари), Рубин Казан (25 јануари), Кижилжар (27 јануари) и против Злате Михаловче (31 јануари).

Струга ТЛ по првиот дел од сезоната има заостанување од пет бода во однос на трите водечките екипи, Силекс, Шкендија и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести