31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Струга ТЛ доведе уште еден напаѓач

Струга Трим Лум ја зајакнува својата офанзивна линија со новото засилување, Ѓорѓе Ивковиќ. По потврдувањето на потписот на Алтин Алији, сега стружани добиваат уште еден искусен напаѓач кој ќе има улога на главен голгетер.

Ивковиќ не е непознат на македонската фудбалска сцена, откако минатата година настапуваше за Брера. Во македонското првенство има одиграно 31 натпревар и постигнато 17 голови, што говори за неговиот квалитет и важност во нападот на Струга.

Во текот на пролетниот дел од минатата сезона, Ивковиќ ги бранеше боите на казахстанскиот клуб Актобе, каде што настапи на 10 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција. Ова беше негов втор ангажман во Казахстан, претходно играше и за Акжајик.

Ѓорѓе Ивковиќ има богато искуство во различни клубови, меѓу кои се и Колубара, Турбина, Јединство Уб, Бежанија, Слобода Ужице, Спартак 1924, Анкаран, Телепото Оптикс, Синѓелиќ, Железничар Панчево, Раднички Срем, Златибор, ИМТ и Лачи.

- Оглас -

Најнови вести