Струга ТЛ е умерен фаворит против Тиквеш (Фото)

Поради големиот христијански празник Велигден вчера немаше натпревари, но денеска продолжува 27-то коло од Првата фудбалска лига со нови два меча. Во Тетово, Шкендија го пречекува Шкупи и таму поради ситуацијата во тимот од Чаир се чини дека победникот однапред е познат.

Понеизвесно ќе биде во Струга, каде домашниот состав на Струга Трим Лум ќе го пречека Тиквеш. Според квотите, стружани се умерени фаворити, но и Тиквеш не е без шанси за да направи изненадување.

Младиот и талентиран фудбалер на Струга ТЛ, Флоријан Рочи, кој беше еден од стрелците на последниот натпревар против Шкупи, вели дека тимот се наоѓа во добра форма.

„Ова е многу важен натпревар за нас, особено затоа што играме пред домашна публика. Верувам дека со максимална посветеност и нивна поддршка можеме да стигнеме до нова победа. Тимот се наоѓа во добра форма и мислам дека тоа ќе го покажеме на денешниот дуел со Тиквеш“, истакна Рочи, кој верува во себе и ветува уште поголем придонес за тимот секогаш кога ќе добие шанса.

- Оглас -

Најнови вести