17.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Струга ТЛ го победи Пелистер и го презеде врвот, „нула“ за Вардар во Куманово

Струга Трим Лум продолжува во победнички стил во шампионатот, остварувајќи го седмиот триумф во осумте одиграни мечеви. Тимот на Бледи Шкемби денеска славеше на домашен терен против Пелистер со 2-0 и се искачи на првото место на табелата со 22 бода.

Стружани во финишот успеаја да го скршат отпорот на Пелистер и двата гола ги постигнаа во последните десетина минути. Двоен стрелец беше Христијан Малески.

Башкими и Вардар во Куманово одиграа меч без голови. Тоа беше тензичен натпревар, во кој и двете екипи повеќе внимаваа да не загубат. Најдобрата шанса за Башкими ја имаше Марко Симоновски, а на спротивната страна Михаил Талевски пропушти можност во финишот да му донесе триумф на Вардар.

По ова реми, Вардар е вторпласиран на табелата со 20 бода, колку што има и третопласираната Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести