Актуелниот првак Струга Трим Лум со минимална победа (1-0) против Тиквеш ја отвори новата сезона во Првата лига. Басиру Компаоре во 89.минута ја погоди мрежата на Тиквеш за три бода на стартот.
Шкендија на гости ја победи Беса со 1-3, а изненадувањето на денот го приреди Воска Спорт која го победи Шкупи со 3-3 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Фитон Адеми беше стрелец на првите два гола, во 11. и во 21.минута, а потоа Ремзифаик Селмани намали од пенал во 35.минута. Во 63.минута, беше досуден пенал и за Шкендија, а го реализираше Бесарт Ибраими.
Работнички успешно го отвори првенството со триумф од 1-0 против Силекс на арената „Тодор Проески“. Стрелец на победничкиот гол беше Кристоџеј Дејли во 45.минута од натпреварот.
Џемал Ибиши го доведе Шкупи во водство од 1-0 во 14.минута, но потоа како избраниците на Ернест Ѓока да помислија дека сѐ е решено. Јахја успеа да израмни, а потоа следеа уште два гола за гостите во вториот дел. Но, и Шкупи се врати делумно и успеа да не загуби.
Пелистер и Гостивар во Битола ремизираа 1-1. Алпер Потук го доведе Гостивар во водство во 36.минута, а израмни Александар Ристевски во 45.минута.
Брера и Вардар го затвораат првото коло со натпреварот кој е закажан од 20 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.