Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум има негатива од 2-0 против Слован Братислава по првото полувреме од мечот во воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот на Ќатип Османи делува инфериорно против разиграните Словаци, кои во својот тим имаат тројца фудбалери кои играа во осминафиналето на Европското првенство.
Владимир Вајс јуниор во 16-тата минута го отвори резултатот откако излезе сам пред голманот Дујмовиќ, по проигрувањето од Давид Стрелец.
Во 36-тата минута Слован Братислава поведе и со 2-0, со прекрасниот гол на Роберт Мак од 25 метри.
Goal: Robert Mak | Slovan Bratislava 2-0 FC Strugapic.twitter.com/368giGGw8X
— PushGoals (@PushGoals) July 10, 2024