Струга ТЉ има одлична шанса конечно да дојде до прва победа во европските купови

6732 Лудогорец – Олимпија Љ. (20.45 часот)

Бугарскиот шампион во првото квалификациско коло успеа пред своите гледачи во Разград да надомести негатива од два гола и да слави со 4:0 против косовскиот првак Балкани. Викендот славеше со убедливи 5:0 над Етар во второто коло од бугарскиот шампионат. Олимпија Љубљана во првото квалификациско коло за пласман во ЛШ оствари две идентични победи од 2:1 над летонскиот тим Валмиера, но изминатиот викенд загуби од Копер со 2:1 во словенчкото првенство.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.92)

 

6709 Клаксвик – Хакен (20.45 часот)

Тимот од Фарски Острови, Клаксвик, беше сензација во првото квалификациско коло за пласман во ЛШ со елиминацијата на Ференцварош. На домашен терен одигра без голови, а во реваншот славеше со 3:0 и го испрати фаворизираниот унгарски тим во квалификациите за Конференциската лига. Шведскиот шампион Хакен, во првото квалификациско коло лесно излезе на крај со ТНС од Велс (3:1 и 2:0) и ја има фаворитската улога во двомечот со Клаксвик.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

6723 Митјиланд – Нидеркорн (18.45 часот)

Данскиот Митјиланд е апсолутен фаворит во двомечот со тимот од Луксембург, Нидеркорн. Митјиланд со минимална победа од 1:0 против Хвидовре ја започна новата сезона во данската Суперлига. Нидеркорн во првото квалификациско коло го елиминира тимот од Косово, Гњилане (2:2, 2:0), но Митјиланд е сосема поинаква приказна. Сè освен убедива победа на данскиот тим ќе претставува вистинско изненадување.

Предлог тип: Т1 & 1+ I & 2+ II (2.70)

 

6726 Фенербахче – Зимбру (20.00 часот)

Турскиот тим од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции го започнува настапот во Европа ѝ е голем фаворит против Зимбру. Молдавскиот тим во првото коло едвај го елиминира тимот од Сан Марино, Ла Флорита, првиот меч заврши 1:1, а во реваншот славеше со 1:0. Фенербахче досега на подготовките одигра три контролни натпревари и има половичен ефект, победа над Нефчи од 1:0, пораз од Црвена ѕвезда од 3:1 и реми без голови против Зенит.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (2.12)

 

6721 Струга ТЛ – Будуќност (17.00 часот)

Македонскиот шампион Струга ТЛ беше елиминиран во првото коло од кваликациите за пласман во ЛШ и настапите ги продолжува во Лигата на конференции каде за противник го има црногорскиот првак Будуќност. Стружани во двомечот со Жалгирис имаа одлична можност во реваншот пред своите гледачи да слават, поведоа со 1:0, но за само пет минути примија два гола и наместо со Галатасарај, сега ќе играат со Будуќност. Црногорскиот тим се наоѓа во лоша серија, прво загуби во финалето на баражот за влез во квалификациите од Бреидаблик и тоа со убедливи 5:0, а потоа загуби и во домашното првенство од Младост со 2:1. Струга има одлична шанса во петтиот меч кој го игра во европските купови, конечно да дојде до првиот триумф.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.83)

- Оглас -

Најнови вести