Струга ТЛ ќе има голема поддршка од фановите против Жалгирис, продадени сите билети
Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ ќе има голема поддршка од навивачите на утрешниот натпревар (17 часот) против Жалгирис во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите бидејќи сите билети се распродадени.
Цената од 1.200 денари за билет и маичка од тимот, иако првично изгледаше премногу за натпревар од првото коло во квалификациите за пласман во ЛШ, за навивачите на Струга ТЛ не беше голема. Фановите не се штедеа и трибините на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе бидат исполнети до последно место.
Првиот натпревар кој се играше во Литванија заврши без голови, и со триумф, стружани во следното квалификациско коло ќе обезбедат двомеч со турскиот шампион Галатасарај.

