Македонскиот клупски фудбал со четири екипи ќе се претставува летово во европските купови. Шампионот Струга ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Македонија Ѓорче Петров како освојувач на Купот, како и Шкендија и Шкупи, кои беа на второто и третото место на табелата во првенството, ќе играат во квалификациите од Конференциската лига.
Денеска во Нион е ждрепката и сите четири екипи ќе ги дознаат првите противници. Струга е во улога на неносител во Група 1 и за противник ќе добие една од следниве екипи: Ференцварош (Унгарија), Лудогорец (Бугарија), Жалгирис (Литванија), Шемрок (Реп. Ирска) и ТНС (Велс).

Во Конференциската лига, екипите на Шкендија и Шкупи ќе бидат во улога на носители во своите групи од ждрепката, додека Македонија Ѓорче Петров е во екипите кои не се носители.
Шкендија за противник ќе добие еден од: Жилина (Словачка), Хака (Финска), Дери сити (Реп. Ирска), Викингур (Исланд) или Хаверфордвест (Велс).
Македонија Ѓорче Петров за ривал ќе добие една од следните екипи: Дунајска стреда (Словачка), Пјуник (Ерменија), РФС (Летонија), Тобол (Казахстан) или Милсами (Молдавија).
Шкупи за ривал ќе добие една од следните екипи: Паиде (Естонија), Сент Патрик (Реп. Ирска), Дукаџини (Косово), Гленторан (Северна Ирска), Хегелман (Литванија) или Пенибонт (Велс).




