Струга ТЛ подготвена да испише историја, пласманот во групната фаза е мотив повеќе за „кец“

Македонскиот првак Струга ТЛ е само на уште еден чекор од пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. По елиминациите на Будуќност од Црна Гора и луксембуршкиот Есперанж, сега предизвик за Струга ќе биде двомечот против Брејдаблик.

Се работи за шампион на Исланд, кој започна уште во пределиминациите во Лигата на шампиони. Сега се работи за сериозен ривал, покажува и фактот дека Брејдблик пред два месеца со убедливи 5:0 го победи Будуќност, кој подоцна загуби и од Струга ТЛ.

Според квотите во Sport Life, македонскиот првак треба да ја искористи предноста што првиот меч се игра на „Билјанини извори“ во Охрид. На четири од последните пет средби на Струга ТЛ имало ГГ3+ ситуација, што значи дека може да се очекуваат погодоци.

Струга ТЛ на денешниот меч ќе биде ослабена со неиграњето на Марјан Радески, кој доби црвен картон на реваншот со Есперанж и неговото отсуство е очекувано, но мало изненадување беше суспензијата на тренерот Дуро, кој вчера дознал дека нема да го води тимот на денешниот дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести