Струга ТЛ, Шкендија и Тиквеш ги дознаа можните ривали пред утрешниот ждреб во УЕФА

Македонскиот првак Струга ТЛ ги дозна петте можни ривали во пресрет на утрешниот ждреб за првото квалификациско коло во ЛШ. Се чини дека стружани и немаа многу среќа.

Потенцијални ривали на Струга ТЛ се: Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац (БиХ).

Шкендија и Тиквеш, македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, исто така ги дознаа можните ривали.

Тиквеш утре ќе добие ривал од следните пет екипи: Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Дуделанж), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С.Ирска).

Шкендија е носител, но, сепак, има сериозни клубови како можни ривали. Тоа се Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести