9.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Струга Трим Лум е фаворит во Ѓорче, неизвесен е дуелот меѓу Работнички и Тиквеш

Струга Трим Лум оди на победа на денешниот меч од 12-тото коло во Првата фудбалска лига против Македонија ЃП. Според квотите во Sport Life, евентуалниот триумф на стружани се вреднува со коефициент 1.38.

Фудбалерот за врска на Струга ТЛ, Бесмир Бојку, сепак вели дека неговиот тим го очекува тежок натпревар.

„Секако, нè очекува многу тежок гостински натпревар, играме против добар тим. Верувам дека направивме правилна анализа за овој противник и верувам дека ако ги извршуваме задачите дадени од тренерот, на крајот ќе излеземе со гордо крената глава и ќе продолжиме по патот кон нови успеси“, изјави Бесмир Бојку.

Работнички и Тиквеш ќе одиграат многу понеизвесен меч на стадионот на ФФМ. На двата тима им е потребна победа, со оглед дека се наоѓаат во долниот дел на табелата.

- Оглас -

Најнови вести