Македонскиот прволигаш Струга Трим Љум го промовира Бледи Шкемби како нов предводник на екипата на местото на Илчо Ѓорѓиоски.
Четириесет и петгодишниот стратег од Корча е познато фудбалско име во регионот, најмногу по својата лидерска улога во доминацијата на Скендербег, кој шестпати по ред беше шампион на Албанија и настапи во групната фаза од Лигата на Европа.
Тренерската кариера на Шкемби вклучува ангажмани во Тирана, во две различни етапи, Теута, Динамо сити, како и косовските Лирија и Балкани. Исто така, тој ги водеше и младинските селекции на Албанија – У17 и У19. Ова ќе биде негово прво искуство во македонскиот фудбал.
Шкемби потпиша договор на две години, со можност за продолжување на уште една сезона. Во новиот стручен штаб ќе му се приклучи и Сабиен Лилај, поранешен соиграч од славната генерација на Скендербег.
Останатиот дел од стручниот штаб останува непроменет: Меритон Гега и Дејан Лескароски продолжуваат како помошници, Стефан Мечкаровски останува кондициски тренер, а Дардан Мифтари го задржува местото тренер на голманите.