31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Струга Трим Лум убедливо го победи Тиквеш и го задржа максималниот ефект

Струга Трим Лум во чекор го следи Силекс и успеа да стигне до петтата победа во новата сезона, во петтиот одигран натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Стружани на домашен терен славеа против Тиквеш со убедливи 3-0 и имаат максимални 15 бода.

Тиквеш добро се држеше до пред крајот на првото полувреме, кога од ВАР собата дојде барање до судијата Влатко Илиоски да го погледне дуелот меѓу Даниел Мојсов и Марјан Радески во шеснаесетникот. Мојсов со лакот го удри Радески во лицето, а судијата по проверката покажа на белата точка.

Успешен реализатор беше Басиру Компаоре во 40-тата минута.

Во вториот дел, Компаоре во 58-та минута постигна и втор погодок и практично го реши мечот.

До крајот, погоди и Марјан Радески за конечни 3-0.

- Оглас -

Најнови вести