Работнички на тренинг центарот на ФФМ од 13 часот ја пречекува Струга Трим Лум во еден од четирите денешни мечеви во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани се лидери на табелата после 12 кола, но во првите осум меча имаа перфектни осум победи, додека сега имаат црна серија од четири средби едноподруго без победа, па веќе загрозено им е првото место.
Втора е Шкендија која има само три бода помалку од Струга. Тетовци ја пречекуваат екипата на Академија Пандев, и домашните се големи фаворити, слично како и Брегалница која е домаќин на Тиквеш. Квотите најавуваат неизвесност во Прилеп, каде Победа игра со Македонија Ѓорче Петров.