3121 – Струга ТЛ – Тиквеш (16:00)
Екипата на Струга по европскиот настап, се враќа на домашната сцена и започнува со одигрувањето на одложените натпревари од македонското првенство, а такви ги има четири. Првиот дуел ќе го одигра против Тиквеш, кој игра одлично сезонава, но денес за противник го има шампионот на Македонија. Струга иако заморена од долгото патување од Исланд, нема да дозволи кикс како со АП Брера и денес ќе победи. На единствените два дуела кои ги одигра Струга во домашното првенство оваа сезона беа постигнати два, односно три гола.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)
3138 – Железничар П. – Чукарички (19:00)
Екипата на Чукарички по европските настапи и поразите од Олимпијакос, денес се враќаат на домашна сцена со дуел од српското првенство. Новиот српски суперлигаш Железничар од Панчево е нивниот противник, кој во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата само со три поена и ќе претставуваат убава можност за нови бодови за Чукарички, кој имаше неочекувано лош старт на првенството. Екипата од Белград има само осум бода од пет натпревари и е далеку од врвот на табелата. Овие две екипи летово одиграа пријателски натпревар кој заврши нерешено без голови.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.95)
3177 – Толмин – Бриње Гросупље (17:00)
Во моментов најдобрата екипа во словенечката втора лига, Бриње од Гросупље, за противник ќе ја има една од наслабите во лигата, екипата на Толмин. Бриње има максимални 12 бода во првите четири натпревари со неверојатна гол-разлика од 13 дадени и само еден примен погодок. Од друга страна, Толмин е претпоследен само со три поена. Низ историјата Бриње двапати има гостувано кај Толмин и двапати има победено.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.10)
1075 – Челмсфорд – Хемел Хемстад (20:45)
Екипата на Челмсфорд е голем фаворит во дуелот против Хемел и се очекува да забележи победа. Домашните се четвртопласирани само со бод помалку од лидерот на табелата, додека Хемел е на 15-тата позиција со 9 поени. Головите во ниските англиски лиги како и секогаш, се загарантирани и на овој дуел.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.55)
2870 – Сепси – УТА Арад (20:30)
Екипата на чии натпревари се постигнати најмалку голови во просек оваа сезона, Сепси, е голем фаворит за победа против УТА Арад. Домашните по европскиот настап се враќаат во првенството на Романија со дуел против 14-топласираната екипа од 16, колку што играат во првенството на Романија. Сепси има девет бода од пет натпревари со гол-разлика од пет дадени и само два примени, или во просек на нивните натпревари биле постигнувани по 1,6 гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21)