21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Струмичанец ги слави римјаните, тие му донесоа огромна добивка во Sport Life (Фото)

Вчера попладне во уплатно место на Sport Life во Струмица бил уплатен тикет со шест фудбалски мечеви и тикетот на којшто се уплатени само 30 денари е добитен и носи бруто-добивка од над 115.000 денари.

Овој струмичанец бил прецизен во своите предвидувања, но имал и голема доза среќа синоќа околу 23 часот.

За добивка чекал и победи на римските Лацио и Рома во Лигата на Европа, а Орлите и Волчицата головите за победа го постигнаа многу доцна. Лацијалите со двајца играчи помалку на терен до победата против Викторија П’лзењ дојдоа во 98-мата минута со гол на Исаксен.

Рома го совлада Атлетик Билбао со гол на Шомуродов во 93-тата минута, па така римските клубови се најзаслужни што тикетот кој вреди да се спомне е добитен.

- Оглас -

Најнови вести