Овиедо е нов член на шпанската Примера дивизија и после пауза од 24 години, овој клуб пак ќе игра лигашки мечеви против Реал, Барса, Атлетико и останатите членови на елитното шпанско друштво.
Во реваншот од баражот за пополнување на Ла Лига, Овиедо дома го победи Мирандес со 3-1 и тоа по продолженија, откако во регуларниот дел беше 2-1, а Мирандес кој никогаш не бил прволигаш, првиот меч го доби со 2-1.
Портиљо со убав гол донесе водство од 3-1 и предизвика еуфорија на трибините на кои беше и Формула 1 пилотот и некогашен шампион, Фернандо Алонсо. Тој е роден во Овиедо и конечно дочека да го види својот тим во прва лига.
Мирандес поведе вечерва, но Овиедо изедначи од пенал кој го реализираше 41-годишниот Санти Казорла на кој ова може да мју биде последен меч во кариерата.
Тренер на Овиедо е Србинот Вељко Пауновиќ, кој е роден во Струмица.