Како што објави „Спортклуб“, Вељко Пауновиќ и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) се договориле за главните прашања, а остануваат да се разјаснат само деталите од договорот.
Пауновиќ, кој е роден во Струмица, постигнал согласност со челниците на ФСС да ја извршува селекторската функцијата на сениорската репрезентација до 2030 година, односно до Светското првенство што се одржува таа година.
Ќе мора да почекаме уште малку додека договорот не се потпише и не се официјализира бидејќи е потребно Извршниот одбор на ФСС претходно да даде согласност.
Како што претходно беше објавено, Пауновиќ не само што ќе биде главен тренер во потесна смисла, туку и главна личност одговорна за сите спортски прашања. Тој покажа дека сериозно ја сфаќа својата улога минатиот викенд, кога ги гледаше натпреварите од Суперлигата во Баново Брдо и Панчево.
Пауновиќ дојде на селекторското место откако Драган Стојковиќ-Пикси си поднесе оставка по поразот од Албанија во Лесковац (0:1). Пауновиќ како в.д. селектор ја предводеше Србија на последните два меча во квалификациите за пласман на СП 2026 година. Србија со него на чело загуби од Англија на „Вембли“ со 2:0, а потоа следуваше и победата над Латвија во Лесковац со 2:1.

