3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Струмичанецот конечно реши дали ќе прифати да остане селектор на Србија

Србија имаше неуспешни квалификации за Светско првенство 2026 година и сигурно нема да игра на Мундијалот. Затоа дојде и до смена на селекторското место и си замина Драган Стојковиќ-Пикси. На местото на Пикси привремено беше назначен Вељко Пауновиќ, кој беше задолжен да го води националниот тим на последните два меча против Англија (пораз од 2:0 на „Вембли“) и победа над Летонија (2:1 во Крагујевац).

По победата над Летонија, Пауновиќ изненадувачки најави дека е можно тоа да биде и последен негов меч како предводник на репрезентацијата и дека му е потребно време да размисли дали ќе прифати да потпише нов договор и да продолжи да биде предводник од клупата.

Пауновиќ, кој е роден во Струмица, се огласи преку социјалните мрежи и најави дека е подготвен да го прифати предизвикот да продолжи да биде селектор на Србија.

„Секогаш ми беше чест и обврска да одговорам на повикот на нашата репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на ФСС за довербата што ми ја покажаа, на играчите за нивниот став и на публиката што ме прифати прекрасно. Фудбалот ме врати таму каде што му требам и каде што сè започна. Заедно ќе го вратиме српскиот фудбал таму каде што му е местото. Се гледаме наскоро“, напиша Пауновиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“, што значи дека донел одлука да остане на српската клупа.

- Оглас -

Најнови вести