14.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Струмичанецот вели дека детектирал неколку проблеми во српската репрезентација

Вељко Пауновиќ очекува да дебитира на селекторското место на Србија. Тој беше назначен за предводник на националниот тим на местото на Драган Стојковиќ-Пикси, кој си замина по поразот од Албанија во Лесковац со 0:1.

По тој пораз од Албанија, Србија остана само со теоретски шанси да се надева дека може да се избори за место на Мундијалот кој следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Пауновиќ имаше долго излагање пред српската јавност, а вети дека ќе се обиде да го врати националниот тим на победнички патеки.

„Разговарајќи со играчите, открив неколку проблеми со кои се соочуваат. Прво, поддршката од публиката и јавноста, што е потребна. Од друга страна, тие сакаат јасност во нивната секојдневна работа и од таа гледна точка, првото нешто што можам да го направам со нив е да ја вратам нивната меѓусебна доверба. Да им ја вратам вербата дека е можно сè уште да се квалификуваме за Светското првенство одејќи чекор по чекор. Верба дека можеме да постигнеме резултат што ќе нè врати дома после тоа, дека со Латвија имаме шанса да одиме во плејофот во март. Првенствено работам на самодовербата и на меѓусебната и реципрочната доверба. Не велам дека не постоела, не ме сфаќајте погрешно, само сакам да кажам дека мора да го нагласиме тоа бидејќи ова се клучни работи“, рече Пауновиќ.

Србија прво ќе игра дуел против Англија на гости, а потоа и против Летонија во Лесковац, па крај на квалификациите за СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести