Струмичани како туристи во Гдањск – Видоа страшна тепачка на трибините, на теренот Лехија ги прегази за едно полувреме (Видео)

Академија Пандев е пред елиминација уште во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА по поразот од Лехија во Гдањск со 4:1.

Во чуден меч кој беше прекинат во осмата минута по големата тепачка на трибините меѓу навивачите на домашниот тим, во продолжението Лехија доминираше и од 17-тата до 39-тата минута постигна три гола за експресна предност од 3:0 уште во првото полувреме.

Во второто полувреме двете екипи постигнаа по еден гол, а Полјаците славеа убедлива победа од 4:1.

Стрелец за Академија Пандев беше Душан Јоковиќ во 81-вата минута и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Незадржлив за струмичани беше Португалецот Флавио Паишао, кој постигна хет-трик, а еден гол даде Зволински.

Стартот беше лош и за двете екипи, кои мораа брзо да побегнат во соблекувалните по големиот инцидент на трибините.

Навивачите на Лехија се истепаа меѓу себе, го демолираа стадионот, а имаше и повредени, па возила за Брза помош постојано доаѓаа на „Полсат плус арената“ во Гдањск.

Реваншот ќе се игра за една седмица, а на Академија Пандев ќе ѝ треба голем подвиг и победа од над 3 гола за сензација и пласман во второто квалификациско коло.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести