Седум мечеви кои беа одиграни на еден тикет уплатен во Струмица, донесе голема радост. Одбрани беа средби кои започнуваа од 19 до 20:30 часот, што значи дека за неполни четири часа, тикетот беше добитен и со само 200 вложени денари, нето добивката е 174.823 денари.
Најголемиот погоден коефициент е на мечот Рајо – Бетис на кое беше одиграно домаќините да постигнат два гола во првото полувреме. Рајо погоди во 37 минута за 1:0, а се играше 45+6 минута кога домаќините постигнаа и втор погодок и беше „фатена“ квотата од 8.50.
Осасуна со 2:0 го победи Атлетико Мадрид и погодена е двојната шанса а тоа е тимот од Памплона да не загуби.
Истанбулспор загуби од Болуспор со 1:2 и погодена е играта ГГ3+. Истата комбинација беше добитна и на дуелот Ѓургарден – Мјалби кој заврши со резултат 1:3.
Малме постигна два гола во првото полувреме на гостувањето кај Варнамо и тоа беше доволно да погоди квотата за два гола на гостите во првите 45 минути.
Дека ќе има голови во мрежите на двата тима и на крајот ќе има 3+ погодоци, погодено и на дуелите меѓу Јанг Бојс – Луцерн 2:1 (третиот гол на мечот беше постигнат во 90+1 минута) и Сервет – Лугано 4:1.