26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Струмица слави: Мајстор за игри на голови со мала уплата си доби над 200.000 денари (Фото)

Четвртокот и натпреварите од европските фудбалски купови се покажаа како среќна комбинација за струмичани. Три тикети со по 11 натпревари и со уплата од по 50 денари на крајот беа добитни, а она што е погодено е вистинска мајсторија.

Сите 11 натпревари се одиграни на игри на голови, два од трите тикети се идентични, додека на третиот има мала разлика во игрите, но и тоа не беше пречка за типовите да бидат погодени.

Два од тикетите имаат нето-исплата од по 81.359 денари, додека третиот тикет има добивка од 56.469 денари, односно нето-исплата од вкупно 219.187 денари на трите тикети.

- Оглас -

Најнови вести