Струмица воопшто не беше „фина“ со Фино Капошвар и со максимална победа ќе патува на реваншот

Одбојкарскиот шампион на Македонија, Струмица, забележа максимална победа од 3-0 над унгарскиот Фино Капошвар во првото коло од ЦЕВ купот. Струмичани засилени со браќата Ѓорѓиеви и Александар Љафтов, со убедлива игра дојдоа до победата и сега треба само рутински да го одработат реваншот за да дојдат до пласман во 1/16 финалето од ЦЕВ купот.

Натпреварот започна одлично за Струмица, па првиот сет им припадна на домашните со 25-19. Најмногу возбудувања имаше во вториот, кој заврши во корист на Струмица со минимални 25-23, додека третиот сет заврши со ист резултат како и првиот, 25-19 за шампионот на Македонија.

За македонските екипи во Европа, ова е само втора победа од 2007 и легендарниот фајнлфор на Работнички во Топ тимс купот на ЦЕВ, па сè до денес. И единствената победа во овие 17 години беше за одбојкарите на Струмица, кои пред две години на домашен терен го победија Динамо Апелдорн со 3-1, но сепак беа елиминирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести