Стружани го загубија последниот дуел со Лавовите на домашен терен, денеска квотите повторно се на нивна страна

Лидерот на табелата Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров со денешниот натпревар (14 часот) го отвораат 20-то коло од Првата фудбалска лига.

Стружани се лидери на табелата со 38 бода, еден повеќе од Шкупи, додека Лавовите се осми со 20 освоени бодови.

Фаворит е Струга ТЛ, но лидерот не го памети по добро последниот дуел против Македонија ЃП на домашен терен. Минатата сезона, стружани загубија со 1:3 пред своите гледачи, а дека Лавовите не им лежат како противник, доказ е и поразот во полуфиналето на Купот на Македонија минатата година и тоа по подобро изведување на пенали.

Двојки:
Денеска (14 часот):
Струга ТЛ – Македонија ЃП

Утре (14 часот):
Скопје – Тиквеш, Работнички – Брегалница, Шкендија – Победа, Силекс – Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести