Стружани со својот симбол – Градот на поезијата ќе организира и Трка на поезијата

Стружани во свој стил ќе организираат и Трка на поезијата што ќе се одржи на 23 мај годинава, а регистрацијата и пријавувањето за учество е веќе во тек.

Градот на поезијата ќе трча со своите гости и тоа во три различни категории. На 23 мај главна ќе биде трката на 10 километри со почеток од 8.30 часот и со временско ограничување од 120 минути во кои треба да се заврши трката.

Главната награда за прво место е 9.000 денари, сребрениот медал носи и парична награда од 7.000 денари, а третото место на пиедесталот ќе се награди со 6.000 денари. Ќе има и дополнителни подароци од спонзорите на трката, а пред се Стружани ветуваат многу забава.

Ќе има и рекреативна трка на 5 километри и детска на илјада метри, а Стружани ги канат сите учесници со мотото „Ела да трчате со нас“.

Сите детали и информации за Трката на поезијата во Струга ќе ги најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести