Сцената е подготвена за главните актери, битката може да почне!

ЛА лејкерс и Мајами хит се екипите кои стигнаа до големото финале во НБА-лигата. Еден од главните конкуренти за титулата ќе има исклучително тешка задача да се надигрува со екипата која го направи едно од најпријатните изненадувања во разигрувањата со самиот пласман во финалната серија.

Првпат во историјата на најатрактивната кошаркарска лига во светот, екипи кои во претходната сезона не се пласираа во плејофот, во актуелната сезона се финалисти. Езерџиите како 16-кратни шампиони цела деценија чекаа за да се најдат во ситуација повторно да се борат за шампионски прстен. Неколку мотиви ќе бидат гориво за Лејкерси да се искачат на тронот – Да се освои титулата за трагично загинатата икона Коби Брајант, а исто така да се израмнат со Бостон селтикс на врвот по бројот на титули.

Мајами пак последен пат за титула се бореше пред шест години, кога го имаше Леброн Џејмс во тимот, а таа сезона Жешките ја загубија финалната серија од Сан Антонио спарс.

Сцената е подготвена, драмата може да почне!

Финалната серија која ќе се игра во меурот во Орландо, како и претходно што беше во остатокот од сезоната, ќе биде искучително неизвесна и полна со драматични моменти. Лејкерси ја докажаа својата моќ на Западот, додека пак Мајами не им се исплаши, пред сè, на Елените од Милвоки, тимот на Бакс кој беше најефикасен во регуларниот дел, ниту пак на фаворизираниот Бостон.

Жешките до последната етапа стигнаа преку Индијана (4-0), Милвоки (4-1) и Бостон (4-2), додека пак Лејкерс имаше малку полесен пат преку Портланд, Хјустон и Денвер, добивајќи ги сите рунди со идентични 4-1 во победи.

Ретко кој очекуваше дека Ерик Сполстра ќе го одведе тимот до самата завршница, што за него е првпат да се бори за титула, а во тимот да го нема Џејмс. Во шестото појавување во финалето, Мајами атакува на четврта титула, додека Сполстра во тимот располага само со еден играч кој има искуство во вакви ситуации. Тоа е Андре Игуадала, кој ќе настапи во неговото шесто последователно НБА-финале. Останатите, Драгиќ, Батлер, младите Адебајо и Хиро, првпат ќе дознаат што значи да се биде во големото финале.

Игра за себе, за другарот Коби, за целата историја на франшизата!

Дека навистина го оправдува прекарот Крал, Леброн Џејмс го потврдува тоа со својот 10-ти пласман во финалната серија, односно 9-ти во последнава деценија. Од сезоната 2010/11, па досега, Џејмс го пропушти само ланското финале, во кое славеше Торонто, а Лејкерси воопшто и не играа во разигрувањата.

Како вистински лидер се постави во искусниот состав кој го предводи Френк Вогел, но не му е доволно да докаже дека е најдобар само на Западот, туку целта му е да биде владетел со целата лига. Јасно е дека за Џејмс не е завршена работата, му преостануваат уште четири победи до четврти шампионски прстен во кариерата, кој за Лејкерс ви бил 17-ти во историјата.

Кралот се најде во ситуација да стане само третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој освои прстени со три различни екипи. Во минатото тоа им успеа само на Роберт Хори и Џон Сејли. Сите овие податоци се убави, меѓутоа ништо не му дава мотив на Џејмс како загубата на својот драг пријател Коби Брајант.

Смртта на Коби ги погоди сите, не само Лејкерс, па Езерџиите во секој натпревар влегуваат со мисија да победат во чест на еден од најдобрите кошаркари воопшто.

Изборот за обложување е голем, дури и преголем во Sport Life!

Никако не може да се предвиди како ќе се одвива финалната серија меѓу Лејкерс и Хит, но од обложувачки агол се надеваме дека за титулата ќе решаваат во мајсторка. Што повеќе натпревари, значи повеќе шанси за добитен тикет составен од комбинации, како учинок во поени, скокови, асистенции, блокади, па дури и погодени тројки од страна на главните актери.

Мечевите секако може да се типуваат стандардно со „кец“ и „двојка“, односно „икс“, да се погодува граница на вкупен збир поени, и уште многу други.

Првиот натпревар е закажан за 3 часот по полноќ меѓу среда и четврток.

- Оглас -

Најнови вести