Фудбалерите на Жирона остварија важна победа во битката за опстанок во Ла Лига совладувајќи ја Мајорка на домашен терен со 1-0. Сега тимот на Бојан Миовски има 38 бода, шест повеќе од Лас Палмас кој е во загрозената зона, на четири кола до крајот на шампионатот.
Кристијан Стуани беше стрелец на победничкиот гол за Жирона. Тој успеа да погоди во 12-тата минута, а тоа на крајот се покажа и како доволно за освојување на трите бода.
Бојан Миовски доби шанса да заигра во 87-та минута, и тоа на местото на стрелец Стуани.