Жирона и Валенсија ремизираа 1:1 во меч од 28 коло на шпанското првенство. Ова беше дуел на двете екипи во чии редови има македонски интернационалци. Бојан Миовски беше стартер кај Жирона и одигра 59 минути, додека голманот Столе Димитриевски остана на клупата за резервни играчи кај Валенсија.
Валенсија прва се израдува на погодок и тоа преку Диего Лопес во 58 минута. Веднаш по примениот гол, тренерот на Жирона од игра го извади Миовски, а на негово место влезе искусниот Кристијан Стуани. Искусниот 38-годишен Стуани само пет минути помина на терен за да постигне фантастичен погодок со глава со кој израмни на 1:1.
На крајот тоа се покажа како конечен резултат. Жирона со 34 поени е на 11 место на табелата, додека Валенсија има 28 бодови и моментално избега од зоната за испаѓање.