Грузија води со 1:0 во Скопје против Македонија, благодарение на голот на Буду Зивзадзе во 51 минута. По мирното прво полувреме, гостите многу поактивно започнаа во вториот дел.
Грузијците најпрво имаа една одлична шанса од корнер, а веднаш потоа изведоа добар напад по кој Зивзадзе се најде сам на 7-8 метри од голот и пласираше покрај немоќниот Димитриевски.
Веднаш по голот, гостите имаа уште една стоостотна шанса, но ударот со глава заврши над голот.