Иако ФИФА ја суспендираше руската фудбалска репрезентација, останува неизвесноста каква ќе биде судбината на бараж мечот на Русија против Полска, закажан за 24-ти март.
Засега Полјаците не го добиваат тоа што го бараа, директно да влезат во финалето, ниту пак е одлучено Словачка да влезе во бараж на местото на Русија.
Минимални се шансите Русија да игра против Полска, па селекторот на Русите, Валери Карпин, закажа собир за 21-ви мај и ќе пробаат да најдат противници за одигрување на пријателски мечеви.
ФИФА ја чека одлуката на Спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој треба да решава по жалбата на Руската фудбалска федерација. Теоретски, ако жалбата на Русија биде усвоена, тогаш веројатно Полска ќе мора да игра против тимот на Фудбалскиот сојуз на Русија, на неутрален терен, без публика и интонирање на руската химна.