Студената војна за Пенсилванија ќе има продолженија

Бостон бруинс – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 00 часот)

Бостон се разигра и нанижа три победи по ред, а ноќеска има противник против кој игра одлично во последно време и има шанса за покер во серија.

Младиот напаѓач Давид Пастрнак е немилосрден на стартот од сезоната и е прв стрелец во Лигата со 11 голови, а има и најмногу поени, 23, во кои се сметаат и асистенциите.

Одлично игра и Бред Маршанд, кој е моторната сила на Бруинс и на 11 меча веќе има 20 поени, со 7 гола и 13 асистенции, што моментно е петти најдобар учинок во НХЛ-лигата.

Брнс и Кејн се главните адути на Сан Хозе, екипа што има два порази по ред, и тоа убедливи со по 3 гола разлика од Торонто и од Отава. Ајкулите имаат големи амбиции, триото Кучур, Марло и Торнтон им остана во ростерот, но не играат добро во последно време.

Патем, Бостон има три победи по ред на домашен терен против Шаркс и ќе типуваме дека ќе ја продолжи серијата.

Предлог тип: 1 (2.00) Супер тип на Sport life

 

Питсбург пингвинс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 00 часот)

Ноќеска на ред е хокеарската Битка за Пенсилванија, една од најголемите дерби-пресметки во НХЛ-лигата. Ривалството е големо меѓу Питсбург и Филаделфија, а почна во 1967 година.

Година во која двете екипи беа приклучени во најсилната хокеарска лига како дел од популарните „Следни шест“, односно веднаш по групата од Оригиналните шест што ја основаа НХЛ.

На шега, дербито го нарекуваат и Студената војна на Пенсилванија, со асоцијација дека се игра на мраз, а победата во овие мечеви е нешто повеќе од гола битка за бодови.

Питсбург успеа со победа во Далас да ја прекине серијата од три порази, а Филаделфија сосема спротивно, со поразот од Ајландерс си ја прекина низата од три победи по ред.

Домаќините веќе се навикнаа на хендикепот да играат без двајцата хокеари од Олстар калибар, Евгени Малкин и Алекс Галченјук, а ноќеска ќе имаат опасен противник што има страшна прва напаѓачка постава. Ворачек, Жиру и Ван Римсдајк долго играат заедно и се меѓу најдобрите офанзивни трилинзи во иста постава во НХЛ-лигата.

На Флаерс одлично им се вклопи во тимот 22-годишниот Тревис Конечни, кој им е лидер според бројот на поени, а ги има 13 на стартот од сезоната.

Како и секогаш, ќе има страшно добар хокеј, посебни емоции кај играчите, феноменална атмосфера и ова е еден од мечевите што не се пропушта. Двете екипи тргнаа солидно во новата сезона, па се чини дека најреален исход е реми во регуларниот дел.

Предлог тип: Х (4.35)

 

Детроит ред вингс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 00.30 часот)

Двете славни екипи од некои минати времиња во НХЛ-лигата веќе играа меѓу себе сезонава и Едмонтон победи со 2:1 на домашен терен. Ојлерс одлично ја почнаа сезоната, но сега стигнаа и поразите за еден од најмладите тимови во Лигата.

Имаат три порази на последните 4 меча, но сепак се при врвот во Западната конференција со 17 бода, колку што има лидерот Колорадо.

Во Едмонтон повторно потајно се будат надежите за титула, а како што играат Драјсајтл, Мек Дејвид, Нил… не е невозможно, иако е рано и сè уште е прва фаза од сезоната.

Едмонтон уште ги памети времињата од 80-те години на минатиот век, кога беа освоени пет титули во период од 7 години, а кај Ојлерс играа легендарните Вејн Грецки, Марк Месие, Јари Кури… Едмонтон со пет пехари од Стенли купот ја дели на шестата позиција со Питсбург на вечната листа со шампиони во НХЛ.

Детроит е уште посупешен со 11 трофеи на третото место, но и во градот на автомобилите долго се чека титула. Последната беше освоена во 2008 година, а легендарни се приказните за страшниот тим на Црвените крилја од 90-те години на минатиот век, кога за нив играше легендарната руска петорка Фетисов, Константинов, Козлов, Ларионов и Федоров, потпомогнати од легендите Ајзерман, Дрејпер, Мек Карти…

Во моментов, Детроит има скромен состав, нанижа осум порази по ред и ќе се обиде да ја сопре црната серија против Ојлерс.

Сепак, гостите имаат подобар тим, подобра атмосфера и типуваме дека пак ќе го победат Детроит.

Предлог тип: 2 (2.30) 

 

Лука Дончиќ (НБА, Далас – Портланд, 00 часот)

Дончиќ ја почна сезоната на импресивен начин и постигна вкупно 88 поени на стартните три меча за Далас. Словенецот е поискусен откако играше одлично и во дебитантската сезона во НБА, па сега се наметува како лидер на тимот што има големи амбиции, откако кај нив пристигна и Олстар форматот Кристапс Порзингис.

На стартните три меча одлично соработуваа, а Дончиќ со Летонецот во тимот има повеќе простор за игра и полесно постигнува кошеви.

Ноќеска против себе ќе го има Пол Милсап, кој знае да игра одлично во дефанзивата, но сепак Дончиќ е во топ-форма и може да ја прескокне границата од 24,5 поени.

Досега Словенецот трипати играше против Денвер и ниту еднаш нема постигнато повеќе од 25 поени, но за сè има првпат, а Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во НБА и очекуваме нов блесок од него против тимот од којшто Далас загуби три меча по ред.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

Кристапс Порзингис (НБА, Далас – Портланд, 00 часот)

Летонецот ја пропушти речиси целата ланска сезона, па сега е орен за игра и на стартот од сезоната прикажува одлични игри. Кристапс беше разменет уште лани и од Њујорк никс замина во Далас. Со тоа му се отвори перспектива да игра за тим со големи шанси да настапи во плејофот и да игра и за титулата, што не е случај со Њујорк, клуб кој е во криза.

Порзингис е еден од најсестраните кошаркари во НБА-лигата и може да игра на неколку позиции. Има одличен шут, a со невообичаена висина од 221 сантиметар е многу незгоден за чување како високо крило. И техниката му е силна страна, знае да игра и одбрана, во нападот е многу корисен и тој е џекпот што го доби Далас од Њујорк.

Кристапс почна одлично во новиот тим, има просек од 26,3 поени на трите дуели во новиот тим и ќе типуваме дека и ноќеска против Денвер ќе продолжи да ги решети кошевите во НБА-лигата.

Предлог тип: >22.5 (1.87)

 

 

- Оглас -

Најнови вести